Европскиот првак Магдебург денеска преку својата клупска страна информираше за настанатата промена на голманската позиција. Имено, поради привремената суспензија на голманот Никола Портнер, раководството на бундеслигашот беше приморан да донесе нов голман.
На местото на Портнер, до крајот на тековната сезона, ќе биде искусниот голман од Шведска, Микаел Агефорс. 39-годишниот Швеѓанец минатата година ја заврши својата богата кариера, но и понатаму остана во ракометните води.
Агефорс стана тренер на голманите во шведскиот суперлигаш Алингсас, а неговото богато портфолио беше причина да биде ангажиран од актуелниот европски шампион, кој го очекуваат тешки натпревари во Бунес лигата и на европска сцена.
Ветеранот од Шведска во својата кариера освен за матичниот Алингсас, настапуваше и за данскиот тим Алборг, клуб во кој ја заврши својата кариера. Со репрезентацијата на Шведска на Светското првенство во Египет (2021) го освои сребрниот медал.
Во комбинација за нов голман во Магдебург беше и поранешниот репрезентативец на Македонија, Борко Ристовски, екс голманот на Вардар, Арпад Штербик, како и и легендарните Хенинг Фриц и Венсан Жерар.
Магдебург е во игра за сите трофеи во Германија, а ја продолжува одбраната на титулата и во Лигата на шампионите. Во четвртфиналето од елитата ќе се соочи со полскиот гигант Келце.
Иако е пензиониран, Борко Ристовски на добар глас – го бара ЕВРОПСКИОТ ПРВАК!