Изминатиот викенд беше комплетирано 18. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
На првото место останува актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, кој на свое конто има 52 бодови.
По Ѓорче Петров следуваат Металург Автокоманда и Чаир, кои имаат по 46 бодови, додека вицепрвакот Куманово има бод помалку, односно 45.
Вардар е позициониран на петтото место, а за 6. позиција, на која моментално се наоѓа Стружанка, ќе претстои голема борба.
За споменатата позиција во игра се уште екипите на Пелистер, Деспина, Скопје, Спартак и Овче Поле СУ.
По ЕХФ неделата, во која Македонија ќе го доигра квалификацискиот циклус за ЕП 2024, ќе следува 19. коло.
Во ова коло дерби дуелот ќе биде меѓу актуелниот шампион Ѓорче Петров и вицерпвакот Куманово.
Женска лига, 18. коло, резултати:
Гевгелија – Пелистер 14:40 (ИЗВЕШТАЈ)
Овле Поле СУ – Стружанка 23:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Вардар 19:45 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Деспина 34:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Спартак 44:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Металург Автокоманда 29:38 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Астибо 35:27 (ИЗВЕШТАЈ)