Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 18. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 18. коло има по една ракометарка од Куманово, Ѓорче Петров и Чаир.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, 18. коло, резултати:
Гевгелија – Пелистер 14:40 (ИЗВЕШТАЈ)
Овле Поле СУ – Стружанка 23:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Вардар 19:45 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Деспина 34:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Спартак 44:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Металург Автокоманда 29:38 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Астибо 35:27 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 18. КОЛО
Јана Ѓошевска (Куманово) – Младата ракометарка продолжува со одличната форма во дресот на Куманово. Ѓошевска со десет погодоци, сите од игра, беше една од најзаслужните за освоениот триумф над Астибо.
Талида Алмеида (Ѓорче Петров) – Интернационалката од Бразил полека се вклопува во нејзиниот прв интернационален предизвик. Десниот бек со шест погодоци го предводеше актуелниот шампион до освојување на трите бодови против Деспина.
Ангела Костовиќ (Чаир) – Десниот бек изминатиот викенд го одигра својот најдобар натпревар сезонава, имаше девет реализации на дуелот против Спартак, но и многу асистенции кон своите колешки.