Шпанскиот репрезентативец Ангел Фернандез Перез откако помина две сезони во Франција, одлучи да се врати во својата татковина.
Искусниот ракометар, кој во сезона 2021/22 го носеше дресот на каталонскиот гигант Барселона, на лето ќе ги засили редовите на Торелавега.
35-годишниот Фернандез откако замина од Барселона се пресели во францускиот суперлигаж Лимож.
Левото крило на почетокот на својата кариера беше дел од Торелавега, потоа до летото, 2018 година, играше за Ла Риоха.
Одличните настапи во Асобал лигата беа одлучувачки да направи трансфер во Келце, клуб во кој помина три сезони.