Горење го „преслуша“ Целје и остана во игра за титулата

Ракометарите на Горење Велење во натпревар од 19. коло во словенечкиот шампионат триумфираа над актуелниот првак Целје со пет гола разлика, 32:27 (17:13).

Горење Велење со освоената победа остана во игра за титулата, овој клуб последен пат на злато се радуваше во сезона 2020/21.

Целје со новиот кикс веќе се оддалечува од првата позиција, моментално е третопласиран со 29 бодови, додека Горење Велење има 31.

Лидерот во шампионатот на Словенија, тимот на Тримо Требње, кој е предводен од словенечкиот селектор Урш Зорман, го води „орото“ со 33 бодови.

До крајот од сезоната во Словенија преостануваат да се одиграат уште осум кола, по што ќе биде познато дали Целје ќе ја одбрани титулата, или пак ќе има нов шампион.