Тимот на ПИК Сегед уште на стартот на пролетниот дел им приреди непријатен шок на своите навивачи и загуби во унгарскиот шампионат од Ѓенѓеш со 35-33.
Некомплетните тренинзи без играчите што играа на Европското првенство беа голем проблем за тренерот Кристијан Карпати.
Иако Карпати сметаше практично на најсилниот состав, ниту тоа не беше доволно за победа. По шест гола дадоа Шоштариќ и Банхиди, а четири пати стрелаше Гарсиандиа.
За разлика од ПИК Сегед, Веспрем славеше на гостувањето кај Чурго и остана осамен на врвот со 14 од 14, односно 28 бода.
ПИК Сегед има 24 бода на второто место и иако има уште многу да се игра, сепак јасно е дека Веспрем нема да пропушти ваква шанса и како првопласиран ќе ја има предноста од домашен терен ако се игра мајсторка во финалната серија до две победи.