Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ, заврши на првото место на листата на најбрзи шутеви на Европското првенство кое се одржа во Германија.
Десното крило на „орлите“ иако одигра само три натпревари на Европското првенство, сепак, успеа да ја сочува лидерската позиција и да го има најсилниот шут на цело ЕП.
Искусниот ракометар на првиот натпревар на континенталниот собир против Исланд испратил „проектил“ кој патувал со брзина од 129.46 км/ч.
По Радивојевиќ, најсилен шут имаат Михал Ојленичак, Виго Кристијансон, Марко Милосављевиќ и Елохин Пранди.
Србија настапот на Европското првенство го заврши уште во групната фаза, откако загуби од Унгарија и Црна Гора, а ремизираше со Исланд.