На Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија пласман во полуфиналето обезбедија репрезентациите на Франција, Данска, Шведска и домашната селекција.
Завршните натпревари ќе се одиграат во „Ланксес Арена“ во Келн, а битките за финале почнуваат во текот на утрешниот ден.
Актуелен бранител на титулата е репрезентацијата на Шведска, која за ривал во полуфиналето ја доби Франција.
Натпреварот меѓу актуелниот европски шампион и олимпискиот првак е закажан за 17:45 часот.
Второто полуфинале, во кое ќе играат репрезентациите на Германија и Данска, ќе започне со почеток од 20:30 часот.
Со почеток од 15:00 часот ќе играат репрезентациите на Унгарија и Словенија, кои ќе се борат за петто место на континенталниот собир.
Пред финалниот викенд – еве како изгледа пласманот од 7 до 24 место на ЕП