Пред финалниот викенд – еве како изгледа пласманот од 7 до 24 место на ЕП

Вечерва се комплетираа натпреварите од главната рунда на Европското првенство, па познат е конечниот пласман на селекциите од 7 до 24 место.

Зад водечката шесторка е селекцијата на Португалија, а најголемото изненадување Австрија заврши на осмото место.

Хрватите се 11, Црна Гора на 14 место, додека Македонија со една победа го заврши ЕП на 17 место.

Полуфиналните средби меѓу Франција и Шведска, односно Германија и Данска, како и средбата за петто место Словенија – Унгарија ќе се играат в петок.

Конечен пласман (7-24 место)

7. Португалија
8. Австрија
9. Норвешка
10. Исланд
11. Хрватска
12. Холандија
13. Шпанија
14. Црна Гора
15. Чешка
16. Полска
17. Македонија
18. Грузија
19. Србија
20. Фарски Острови
21. Швајцарија
22. Романија
23. Грција
24. БиХ