Словенија ја совлада Данска со 28:25, и успеа да го освои третото место во групата 2 во главната фаза на ЕП во Германија. Тоа им овозможи на Словенците настап во натпреварот за петтото место на ЕХФ ЕУРО 2024, а својот противник во тој дуел ќе го дознаат утре по разврската во групата 1.
Словенија-Данска 28:25 (17:14)
Словенија влезе мотивирано во натпреварот кој мораше да го добие доколку сака да биде дел од натпреварот за 5.место.На спротивната страна беше Данска која веќе на коло пред крајот го потврди својот настап во полуфинале, па денес го имаше тој луксуз да одмара дел од главните ѕвезди како Гидсел, Питлик, . Во едни такви околности Словенците уште во раната фаза успеаа да направат предност, најпрво со голот на Хорзен го превзедоа водството 4:3, а во најголемиот дел од првиот дел водеа со еден до два голови предност. Цехте со својот втор погодок на мечот донесе највисоки плус три за Словенија 13:10, предност која без поголеми проблеми ја одржаа до крајот на првиот дел за конечни 17:14.
Данците со неверојатна серија го започнаа второто полувреме, За десетина минути им дозволија само еден гол на Словенците а постигнаа шест и во 40.минута поведоа со 18:20. Лошиот офанзивен период за Словенија го прекина Алекс Влах, а Словенија не се предаваше и покрај тоа што данците го превземаа водството. Урбан Лесјак нанижа неколку одбрани а расположениот за игра Влах со проектил од надворешната линија израмни на 21:21 во 45.минута. Добрата игра на ракометарите на Зорман продолжи, па со головите Хорзен и Цехте го врати водството од два позитива 24:22 во 53.минута. Следуваше период на технички грешки на двете страни, па во последните три минути Словенија влезе со минимална позитива 25:24. Мачковчек погоди за 26:24 и ја доближи Словенија на чекор до триумф, а во следниот напад следуваше промашување на Ландин, а точка на натпреварот со својот петти погодок стави Алекс Влах 27:24.До крајот двете репрезентација погодија за конечен резултат 28:25.
Кристијан Хорзен со шест и Алекс Влах со пет голови ја носеа Словенија до триумф, а на кај Данците Киркелоке и Јоргенсен постигнаа по шест.
Со оваа победа Словенците се пласираа на третото место во групата 2, со што го потврдија својот настап во натпреварот за 5.место.