Македонскиот шампион Ѓорче Петров обезбеди пласман во четвртфиналето на Европскиот Куп и во третото по ранг европско натпреварување ќе се обиде да направи уште еден чекор повеќе, односно да обезбеди полуфинале.
Ѓорчепетровки на реванш дуелот од осминафиналето во чешкиот град Чеб беа поразени од Хазена Кинжварт со 34:33, но поради победата на првиот натпревар од 32:29 се чекираа меѓу најдобрите осум екипи во Европскиот Куп.
Ракометарките на Ѓорче Петров заедно со стручниот штаб се радуваа на остварената цел за оваа сезона, но доколку се создаде шанса и прилика, македонскиот шампион сигурно ќе сака подолго да остане во европски рамки.
Ѓорче Петров на македонска сцена ќе има задача да ја одбрани титулата, но и да го освои Куп трофејот.