Во вториот натпревар од групата 1 од главната рунда, Франција стигна до првите бодови во главната фаза откако славеше над Хрватска со 34:32 (18:18). Французите во текот на мечот константно беа за чекор пред жилавата Хрватска која на крилјата на одличниот голман Кузмановиќ сепак не успеа да направи изненадување и да ја совлада големата Франција. По оваа победа Франција запиша нови два бода со кои сега има вкупно четири и е на добар пат да избори пласман во четвртфиналето. Хрватите по овој пораз остануваат на еден бод кој го пренесоа од првата фаза.
Франција-Хрватска 34:32 (18:18)
Хрватска подобро го стартуваше натпреварот и преку младите Кларица и Срна погодуваше од надворешните позиции. Добрата игра им донесе водство од два голови предност на Хрватите кое успеваа да го одржат по десет минути игра. Следуваше француски одговор со серија од три неодговорени гола за прво водство на триколорите од 8-7. Расположен во тие моменти на теренот беше Карабатиќ кој со својот трет гол ги донесе највисоките 12:9 во 17.минита. Следуваа две рокади во составот на Хрватска, теренот го напуштија голманот Мандиќ и Кларица, а на нивно место влегоа Кузмановиќ и Мараш. Токму тоа беше потегот на Перковац со кој успеа да ја врати својата репрезентација во игра. Кузмановиќ блескаше на голот со шест интервенции, а при водство на Франција од 17:14, младиот Мараш погоди трипати по ред, за израмнување 17:17 во 28. минута. До крајот на двете страни погодија Дескат и Карачиќ за конечни 18:18 по триесет минути игра.
Турна и Карабатиќ со два гола на стартот на вториот дел и донесоа водство на Франција од 20:18. На спротивната страна врати Срна, но не за долго бидејќи Французите направија нова серија од 4-1 и стигнаа до највисокото водство од четири разлика 26:22. Сепак Хрватска имаше расположени ракометари на теренот кој секогаш ја враќаа во игра. Ѕвонимир Срна се распали од линијата за девет и со три голови ја врати Хрватска на еден негатива во 50.минута. Кузмановиќ продолжи да прави чуда на голот бранејќи зицер на Лен, давајќи и шанса на својата репрезентација да дојде до израмнување. Сепак „коцкастите“ наместо да израмнат им дадоа две топки во раце на французите кои постигнаа два гола на празна мрежа, и повторно се одлепија на 29:26 во 53.минута. Сепак драмата продолжи откако Кларица и Јелениќ погодија и повторно ја донесоа Хрватска на еден негатива 31:30 во 58.минута. Кушан погоди од линијата на шест метри за 33-32, но точка на мечот и победа на Франција и донесе Турна за конечни 34:32.
Најпрецизен кај Франција беше Дика Мем со шест погодици,а Никола Карабатиќ исто така одигра добар меч постигнувајќи пет голови од седум обиди. Во Хрватската репрезентација најпрецизен беше Срна со шест гола.