Вечерната програма од групите А, Б и Ц даде одговор на прашањата кои репрезентации и од која позиција ќе патуваат во следната фаза.
Франција-Германија 33:30 (17:15)
Германија тргна силовито пред своите навивачи и со двата погодоци на Гола и еден на Кнор поведе со 0:3. Сепак Франција е класа репрезентација да падне на првиот притисок, па ракометарите на Жил почнаа полека но сигурно да се враќаат во игра. Веќе во 12.минута Карабатиќ ја донесе Франција во прво водтсво 7:6. Дбете репрезентации се менуваа во минимално водство до самиот крај на првото полувреме кога Франција со головите на Пранди и Ричардсон отиде на предност со водство од 17:15.
Франција ја одржуваше предноста од два до три голови, се до 50.минута кога упорните Германци преку Хејман дојдоа до воство од 26:27.Експресно врати Ричардсон на спротивната страна и најави пеколни последни десетина минути на натпреварот. Франција подобро одговори на предизвикот, со серија од 6-2 го реши прашањето на победникот на овој натпревар, и славеше со 33:30.
Ова беше најважната победа за Франција која со 2 бода продолжува во следната фаза, и го остави домаќинот Германија без бодови во следната фаза.
Шпанија-Aвстрија 33:33 (15:17)
Дуелот на двете селекции кои директно се бореа која репрезентација ќе и прави друштво на Хрватска во следната фаза понуди многу возбудувања на паркетот.Австријците имаа блага доминација во првото полувреме и преку расположените Билик, Вагнер и Живковиќ се изборија за највисокото водство од 11:14 во 20.минута. Шпанија врати со серија од три погодоци за 14:14, но во финишот Билик и Хербургер се погрижија Австрија на полувреме да замине со предност од 15:17.
Во второто полувреме се одвиваше вистинска драма на теренот. Двете репрезентации наизменично се менуваа во водство, и ниедна не успеа да поведе повеќе од 2 разлика. Во последната минута шпанците имаа водство до 33:32, но Австрија со погодокот во последните секунди ја испрати Шпанија дома, и со Хрватска патува во следната фаза.
Исланд-Унгарија 25:33 (13:15)
Исланд успеа да и парира на Унгарија само во почетните десетина минути кога водеше со 5:4, а одтогаш на теренот постоеше само репрезентацијата на Унгарија. Четири голови позитива беше најголемата предност на Унгарците во првиот дел, а на полувреме се замина со резултат 13:15.
Во вториот дел Унгарците преку расположените Жита, Анчин и Имре го полнеа голот на Исланд. “Рибарите“ немаа решение за противничката одбрана, а Унгарија им нанесе тежок пораз на Исланѓаните совладувајќи ги со резултат 25:33.