Македонија после двата порази од ракометните велесили Франција и Германија извојуваше голема победа над Швајцарија со резултат 29:27, со што победнички го заврши настапот на Европското првенство во Германија.
Свое видување на натпреварот имаше и еден од ракометарите кои имаа успешен настап на ЕП, Иван Џонов кој вели:
Мислам дека ја заслуживме победата. Се боревме од почетокот до самиот крај, имавме водство во текот на целиот натпревар иако на крајот направивме глупости кои не чинеа израмнување. Сепак во последните десетина минути одигравме квалитетно, покажавме карактер кога беше најважно и заслужено победивме.-изјави Џонов.