Репрезентацијата на Босна и Хергеговина беше поразена од Грузија на својот последен натпревар на ЕХФ ЕУРО.
Избраниците на Ирфан Смајлагиќ со одредена доза оптимизам пристигнаа во Германија, ако ништо друго да стигнат бар до првата победа на Европските првенства.
Ако се земе во предвид дека Шведска и Холандија се репрезентации кои се за класа подобри од БиХ, на вчерашниот натпревар против Грузија ракометната јавност во оваа земја очекуваше победа.
Меѓутоа босанските ракометари беа поразени и на овој натпревар и со нула на своето конто се враќаат дома.
Овој пораз посебно тешко му падна на ракометарот на Монпелје, Марко Паниќ. Еден од најдобрите ракометари на БиХ,остана разочаран од пристапот кон репрезентативниот дрес на одредени ракометари, за кои смета дека не им е тамо местото.
Игравме и на „Jeлоу Куп“ и на ЕП на кои ги изгубвме сите шест натпревари, но изгледа дека тоа е нашата реалност. Грузија е противник кој е под нашето ниво. Многу лесно се влегува во репрезентацијата, а одредени момци треба да се запрашаат дали се ракометари или минувачи во репрезентацијата. Имаме неколку момци во репрезентацијата на кои ракометот не е им е на прво место, а го носат репрезентативниот дрес, а јас тоа не можам да го прифатам.-iзјави Паниќ за медиумите.
Босна и Херцеговина доживеа три порази на ЕХФ ЕУРО 2024 , и тоа од Шведска, Холандија и Грузија, по кои уште по групната фаза го заврши настапот на ЕП.