Домаќинот Германија во второто коло од Европското првенство ќе ги одмери силите против Македонскиот национален тим, во обид да го запише вториот триумф и да се се пласира во следната фаза.
По убедливата победа над Швајцарија во првото коло, четата на Гисласон сега има само една цел а тоа е победа.
Вториот голман во германскиот состав, младиот Давид Шпат смета дека Македонија има добра репрезентација, и мора добро да бидат подготвени за дуелот доколку сакаат да стигнат до победа.
,,Тие имаат многу добра репрезентација, но ние мора да бидеме подготвени исто како и на претходниот натпревар со Швајцарија. Знаеме дека со победа ќе се пласираме во следната фаза на ЕП, но ние сакаме да победуваме на секој натпревар”, изјави Шпат.
Дуелот помеѓу Македонија и Германија ќе се одигра вечерва во “Мерцедес Бенц“ Арена во Берлин, со почеток од 20 часот и 30 минути.