Македонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан, која настапува за турскиот суперлигаш Коњалти, ќе паузира подолг временски период поради бременост.
Јанеска со нејзиниот сопруг Акиф Мехмет Килдан радосната вест ја споделија преку социјалните мрежи на почетокот на новата, 2024 година.
30-годишната ракометарка во 2023 година имаше многу радосни моменти, најпрво со Коњалти ја освои титулата во Европскиот Куп, потоа направи свадба во Македонија.
Селекторот Кристијан Грчевски нема да може да смета на Јанеска за преостанатите четири квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024.
Македонија на 29 февруари и 3 март игра против Шпанија, на 4 април против Азербејџан и на 7 април на свој терен ќе ја пречека Литванија.
Македонската репрезентативка заплива во брачни води: Јанеска стана турска снаа (ФОТО)
Викенд на ракометни свадби: Јанеска и Николиќ блеснаа на свадбениот подиум (ФОТО)