Македонската репрезентативка заплива во брачни води: Јанеска стана турска снаа (ФОТО)

Репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска, која во текот на 2012 година од Кичево замина во Турција, заплива во брачните води.

Јанеска заедно со нејзиниот партнер Акиф Мехмет Килдан во средата направија свадба во еден од рестораните во турскиот град Коњалти.

На свадбата која што беше на отворено, присуствуваа многу од колешките на Јанеска.

За Јанеска не беше никаков проблем во текот на подготвителниот период да го потпише најважниот договор во животот.

Ракометарката од Македонија во Турција настапуваше за многу суперлигашки клубови, а моментално го носи дресот на Коњалти, клуб кој ќе учествува и на европска сцена.