Репрезентацијата на Хрватска во последното коло од главната фаза на Светското првенство од готово направи вересија, загуби од Унгарија со 23:22 и остана без четвртфинале.
Ваквиот исход и одговараше на Црна Гора, која сега со Унгарија имаат по шест бода, но избраничките на Бојана Поповиќ имаат подобар скор од меѓусебниот дуел, па така црногорките изборија пласман меѓу најдобрите осум репрезентации.
Хрватска одигра одлично во најголемиот дел од натпреварот, на пауза имаше 11:8, во вториот дел водеше и со пет гола разлика, но Унгарија не се откажуваше и во финишот направи пресврт, најпрво израмни на 22:22, потоа поведе со 23:22.
Предводник во победничката екипа беше Катрин Клујбер, постигна девет погодоци, но и подели неколку асистенции кон своите колешки. Кај Хрватска се истакна Дејана Милосављевиќ со осум погодоци.
Србија целосно потфрли на Мундијалот и на третиот дуел од главната фаза беше поразена од Јапонија со два гола разлика, 22:20 (9:8). За Србија ова беше петти пораз на Светското првенство, додека Јапонија, која ја совлада Данска на стартот на главната фаза, а беше поразена од Романија, си го обезбеди третото место во третата група.
Нашиот сосед настапот на Мундијалот го заврши на 21. позиција, репрезенатцијата на Јапонија на 17. позиција. За Србија ова е најлошите изданија на големите натпреварувања.
Во натпревар, кој немаше резултатско значење, репрезентацијата на Сенегал го доби африканскиот двобој против Камерун триумфирајќи со 22:20 (7:12). За Сенегал ова беше прва победа во главната фаза и со три бода го освои петтото место во првата група.
Романија со победа ја заврши главната фаза, откако го доби дуелот против Полска со 27:26 (13:10).
Пласман во четвртфиналето обезбедија и репрезентациите на Холандија, Норвешка, Чешка, Франција, Данска, Шведска и Германија.
Утре веќе стартуваат четвртфиналните дуели, најпрво ќе играат Франција со Чешка, односно Норвешка и Холандија.
Светско првенство 2023, резултати:
Конго – Чиле 24-21
Иран – Казахстан 29-33
Исланд – Кина 30-23
Јапонија – Србија 22-20
Камерун – Сенегал 20-22
Унгарија – Хрватска 23-22
Полска – Романија 26-27