ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 11 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид, Струга, Бутел Скопје, Пролет и Тиквеш.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 11. коло, резултати:

Група А

АЛКАЛОИД – АЕРОДРОМ 42-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – КУМАНОВО 37-21 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ – СТРУГА 29-38 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ОХРИД 19-29 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

Група Б

ВАРДАР – ПРИЛЕП 36-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР НЕГОТИНО 38-14 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – ПРОЛЕТ 31-32 (ИЗВЕШТАЈ)
ГОЛДЕН АРТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-28 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 11.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Даниел Ѓорѓески - голман - Охрид
38.61%
Бојан Спасовски - десно крило - Бутел Скопје
27.22%
Јовица Младеновски - лев бек - Струга
8.44%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер
8.44%
Филип Арсеновски - пивот - Пролет
8.23%
Ани Обина - десен бек - Тиквеш
4.64%
Мартин Карапалевски - среден бек - Вардар
4.43%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Даниел Ѓорѓески (Охрид) – Чуварот на мрежата на охриѓани беше меѓу клучните поединци кога тимот ја правеше разликата на гостувањето во Битола.

Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Левото крило постигна 14 погодоци на мечот со Вардар Неготино

Лев бек: Јовица Младеновски (Струга) – Искусниот Младеновски беше меѓу најзаслужните за триумфот над Скопје.

Среден бек: Мартин Карапалевски (Вардар) – Плејмејкерот имаше осум реализации во рутинската победа над Прилеп.

Десен бек: Ани Обина (Тиквеш) – Нигерискиот десен бек ја продолжува одличната форма, а таква партија имаше и против Куманово.

Десно крило: Бојан Спасовски (Бутел Скопје) – Одличната форма на десното крило продолжи и на мечот со Голден Арт, па вторпат по ред е во идеалниот тим.

Пивот: Филип Арсеновски (Пролет) – Кружниот напаѓач беше херојот на Пролет за трите бода во Автокоманда со голот постигнат во последната секунда.