СТРУГА 2026: ДАЛИ ЗНАЕТЕ – Домашните играчи имаат освоено најмалку 11 индивидуални награди!

Струга само еднаш го освоила победничкиот пехар, но нејзините ракометари оставиле силен белег во изборот на најдобрите поединци на турнирот. Домаќинот на најстариот турнир во Македонија и во околните земји, има само една титула на домашниот турнир, но играчите на клубот многупати се враќале со признание за најдобар стрелец, најдобар голман или најдобар играч.

Иако не постои целосно потврдена статистика од сите турнири, особено во првите години од неговото одржување, од она што е достапно како информација и го поседува редакцијата на 24Ракомет, најмалку 11 индивидуални признанија за ракометари кои на конкретното издание го носеле дресот на Струга.

Најмногу успеси стружани имале во изборот за најдобар стрелец. Во оваа категорија се запишани најмалку седум признанија.

Во 1980 година Горан Попоски ја поделил наградата за најдобар стрелец со Калина од Динамо Букурешт, откако двајцата постигнале по 25 гола. Само една година подоцна, Дуноски бил прв стрелец на турнирот со 27 погодоци.

Новко Георгиевски бил најдобар стрелец во 1986 година, а Горан Попоски ја освоил истата награда во историската 1990 година, кога Струга го освоила и победничкиот пехар.

Наум Танески, како играч на Струга Илинден, бил најдобар стрелец во 2002 година со 27 гола. Во поновата историја признанието го добиле Мерис Бошњак во 2023 со 18 и Филип Мечкароски во 2025 година со 21 гол. Никола Костески двапати бил најдобра стрелец, во 2010 и 2012 година.

Струга има и две потврдени награди за најдобар голман. Славчо Каланоски бил најдобар во 1983, а Горан Чушкоски во 1989 година, кога домаќинот го освоил второто место.

Во категоријата најдобар играч се запишани Новко Георгиевски во 1990 и Горан Димитриоски во 1995 година.

Најуспешни ракометари во дресот на Струга се Горан Попоски и Новко Георгиевски со по две признанија.

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…