Аеродром парираше едно полувреме, но бодовите останаа кај вицепрвакот

Македонскиот вицепрвак дојде до 11-от триумф во новата натпреварувачка сезона, откако на свој терен славеше против дебитантот Аеродром со 42:28.

Избраниците на Петровски дадоа силен отпор во првиот дел, во кој домашниот тим претежно водеше со еден до три гола разлика, но никако не можеше да го скрши отпорот на гостинот.

Аеродром предводен од средниот бек Мелоски често им создаваше проблеми на домаќините и во 20 минута дојде до израмнување на резултатот, 12:12. Од тој период, па до полувремето беше повеќе од рамноправен противник.

По 30 минути игра беше за 19:18 „сино-белите“, додека во вториот дел дојде до израз квалитетот меѓу двете екипи, па така тимот на Лазаров немаше многу проблеми да ги освои новите бодови.

Следен предизвик за тимот од Автокоманда ќе биде гостувањето во Струга кај истоимената екипа, додека Аеродром го очекува дуел со Еурофарм Пелистер 2 на свој терен.

Најефикасен во победничката екипа беше Давид Савревски со девет погодоци, кај Аеродром се истакна Илија Мелоско со шест реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122