По завршувањето на Светското првенство за кадетки во Романија, на кое Шпанија ја одбрани титулата со победата над Црна Гора (26-23), беше објавен и Ол-стар тимот на шампионатот.
Во најдобрите седум се најдоа ракометарки од шест различни репрезентации. Сите четири полуфиналисти – Шпанија, Црна Гора, Египет и Данска, имаат свои претставнички, а во тимот се најдоа и ракометарки од Швајцарија и Кина.
За МВП на првенството беше избрана организаторката на играта на Шпанија, Елена Фреско Бастарика, која одигра одличен турнир со 24 гола, 16 асистенции и осум украдени топки.
Шпанија има уште една ракометарка во идеалниот тим – Ерика Елена Владу, која е избрана за најдобро десно крило. Од шампионките, во Ол-стар тимот се најде и црногорскиот среден бек Андреа Драгиќ, додека Кина е претставена преку левиот бек Шуојан Жанг.
Египет има две претставнички. Малак Абојусеф е избрана за најдобар десен бек, додека Зеина Котб е најдобриот кружен напаѓач на шампионатот.
Најдобар стрелец на СП беше Лорин Миерцва од Швајцарија, која постигна дури 71 гол.
Ол-стар тим на СП 2026:
Голман: Тилде Ладегард Сков (Данска)
Десно крило: Ерика Елена Владу (Шпанија)
Десен бек: Малак Абојусеф (Египет)
Среден бек: Андреа Драгиќ (Црна Гора)
Лев бек: Шуојан Жанг (Кина)
Лево крило: Лорин Миерцва (Швајцарија)
Пикер: Зеина Котб (Египет)
МВП: Елена Фреско Бастарика (Шпанија)
Најдобар стрелец: Лорин Миерцва (Швајцарија) – 71 гол


























