Македонија има одлична ракометна генерација потврдена во кадетите кои на последното ЕП што се одржува во Белград го освоија 9. место, повторувајќи го успехот од пред две години. Во решавачкиот дуел Македонија го победи Израел 39-29 (19-20) потврдувајќи го квалитетот на овие млади момчиња кои врзаа серија од победи за да бидат во самиот европски врв.
Се мачеа нашите млади ракометари цело прво полувреме, имаа негатива која на моменти беше и три гола, а наш и четири. И покрај тоа полека ја намалуваа предноста, успеаја да израмнат, 17-17 и 19-19, а на одмор заминаа со негатива од 19-20.
Потоа се вклучи „македонскиот багер“, кој ја збриша израелската игра и нивната одбрана. Откако поведовме со 21-20, се тргна во наша корист. Имавме сила, мотив па и знаење како да ги „решиме“ Израелците. Полека ја користевме секоја шанса, секој напад кој го имавме. Покажаа младите ракометари и зрелост и карактер и мотив.
Во 41 минута Ѓоргиевски доби 2 минути при резултат 25-23.Ама и Израелците промашија. Па имавме шанса да зголемиме првпат на „плус 3“ но тој удар на Дамчевски беше непрецизен, па Израел со играч повеќе во напад реализираше за 25-24. Затоа пак Андреј Георгиевс погоди за одржување на водството.
Во 48 минута Горазд Дамчевски првпат погоди за „плус 3“ и Македонија водеше со 31-28. Потоа Израел направи техничка решка, а Трсунов со нов гол зголеми на 32-28. Сега Израел„бркаше“ по терен, а тоа им донесе нова грешка која Дамчевски ја претвори во ново водство од 33-28 во 51 минута.
Сега Израел мораше да бара тајмаут, бидејќи остануваа уште 10 минути од средбата која. Но Израел повторно погреши, а Стефан Ѓоргиевски пак погоди за уште повисоко водство, 34-28. Сега како минуваше времето така ние ја зголемувавме предност која дојде до 37-28 во 57 минута. Пивотменот Христијан Вујичевски погоди за „десетка“ 38-28, а радоста на нашата клупа одамна веќе беше почната.
Горазд Дамчевски и Стефан Ѓоргиевски постигнаа по 8 гола, Христијан Вујичевски даде 6, Лука Јовиќ 4, а Бобан Поповски и Трајче Костов по 3 гола.
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























