Охрид и теоретски е во плејoфот – сега ќе го брка второто место

На Охрид му требаа десет минути за да може да ја наметне својата игра во Битола кај вториот тим на Еурофарм Пелистер, па гостите уште во првото полувреме направија „залиха“ што потоа им беше доволна за конечен триумф, 29-19 (15-7).

Со оваа победа охриѓани останаа на третото место на табелата со 24 бода, шест помалку од второпласираниот тим на Тиквеш, н сега почнува трката на овие две екипи за тоа кој ќе биде втор на крајот од групната фаза и ќе пренесе два бода во плејофот.

Бо Битола, домашниот тренер мораше двапати да бара тајм-аут во првото полувреме обидувајќи се да смени нешто во играта, зашто гостите имаа позитива од 7-8 гола пред самиот крај. Голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески имаше добар почеток, па иако имаше само 4 одбранети топки и еден седмерец, тие беа во вистинско време.

Еурофарм Пелистер првиот тајмаут го побара во 12 минута кога гостите водеа со 7-4, но наместо да се намали таа разлика, охриѓани отидоа на 10-5. Потоа Еурофарм Пелистер 2 даде еден гол, а Стефче Алишовски побара минута одмор за совети. Тоа му донесе уште подобра игра на тимот, па Охрид за шест минути направи серија од 4-0 и веќе водеше со 14-6. Тогаш дојде и вториот тајм аут на Михаил Петровски, тренерот на Еурофарм Пелистер 2. До крајот само по еден гол на двете страни за висока предност, 15-7 во корист на Охрид.

Предноста од првото полувреме беше клучна за натамошниот развј на играта и резултатот, и во вториот дел. Охрид не само што имаше водство, туку успеа неколкупати да дојде и до „плус 11“, како највисока предност на средбата.

Во 47 минута гостите не реализираа пенал, а потоа следуваа два гола по ред со што Охрид намали на 17-24. Откако Даниел Ѓорѓески го одбрани третиот пенал на средбата во 50 минута ја прекина гол серијата на домашните. И неговите соиграчи повторно отидоа на „плус 9“. До крајот немаше дилеми, а предноста остана двоцифрена, 29-19.

Во победничкиот тим Теимураз Орјокинидзе даде 8 гола, а по шест постигнаа Гое Ојлески и Гал Цицар. Кај домашните, најмногу голови постигнаа Христијан Митревски, Стефан Трпчевски и Ненад Белистојановски, сите по три гола.

До крај на регуларниот дел од групната фаза на првенството, Охрид има шанса да се бори дури и за второто место во групата. Иако сега заостанува шест бода зад Тиквеш, следната недела многу работи ќе бидат појасни. Охрид е домаќин на Тиквеш и со триумф таа разлика може да биде само три. Ако Охрид победи со повеќе од два гола, тогаш во меѓусебниот дуел со Тиквеш ќе имаа подобар меѓусебен скор, и во следните две кола ќе има многу математика.

Охрид потоа гостува кај Аеродром и е домаќин на Скопје, а Тиквеш е домаќин на Скопје и во последното коло е домаќин на Алкалоид. Па има многу можни комбинации.

ТАБЕЛА А ГРУПА

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122