Кадетки: Прекин на натпревар во Илинден, Вардар и Стружанка со четири од четири

Минатиот викенд се одиграа дел од натпреварите од 4. коло во кадетската лига во женска конкуренција, каде Вардар и Стружанка имаат четири победи на четири натпревари.

Стружанка триумфираше против Делчево Вардар со 35-20. Најефикасна кај Стружанка беше Маја Раткушиноска со девет гола, додека кај Делчево Вардар најефикасна беше Јована Димитровска со седум гола.

Вардар ја оправда фаворитската улога кај Гевгелија, откако славеше со 19-14 и сега заедно со Стружанка се на првите две места на табелата со по 12 бодови.

Средбата меѓу Илинден Вардар и Чаир не го дочека крајот, бидејќи гостите од Чаир го напуштија теренот во 57. минута незадоволни од делењето на правдата.

Овој натпревар беше прекинат во 57. минута при резултат 26-25 за Илинден Вардар, па сега Дисциплинската комисија на РФМ ќе има работа околу регистрирањето на резултатот.

Кадетки, 4. коло, резултати:

Стружанка – Делчево Вардар 35-20
Гевгелија – Вардар 14-19
Ѓорче Петров – Јехона 35-18
Илинден Вардар – Чаир 26-25 прек.