Ракометниот суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи парично да го казни вториот претставник на Франција во Лигата на Шампионите, Монпелје.
Причината за високата казна на францускиот тим е поради неработењето на електронските табли за реклами за време на натпреварот против Магдебург.
Електронските табли за реклами не работеле за време на целиот натпревар поради технички причина.
За ова прекршување на прописите во Лигата на шампионите, тимот на Монпелје е казнет со 8.000 евра.
Бидејќи Монпелје првпат направил прекршување од ваков вид на прекршок, 2.000 евра се изречени на условна основа, која автоматски ќе стапи на сила доколку клубот направи слична повреда во рок од една година.
Монпелје во рок од седум дена може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ.