Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 9 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има има по еден ракометар од Алкалоид, Струга, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Еурофарм Пелистер, Тиквеш и Вардар.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 9. коло, резултати:
Група А
КУМАНОВО – СТРУГА 22-33 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 26-33 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ОХРИД 30-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – АЕРОДРОМ 43-31 (ИЗВЕШТАЈ)
Група Б
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 26-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ГОЛДЕН АРТ – ВАРДАР НЕГОТИНО 31-24 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 26-36 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 19-22 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Иван Галевски (Алкалоид) – Чуварот на мрежата имаше дури 17 одбрани и беше меѓу најзаслужните за триумфот над Охрид.
Лево крило: Ненад Костоски (Струга) – Левото крило со осум погодоци ја водеше Струга до три бода кај Куманово.
Лев бек: Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) – Поранешниот кадетски репрезентативец даде шест гола против Скопје.
Среден бек: Ласко Андоновски (Пролет) – Искусниот плејмејкер го водеше Пролет до тешка победа во Прилеп.
Десен бек: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер) – Босанецот беше најдобар стрелец со 11 голови против Мулти Есенс.
Десно крило: Евгениј Темелкоски (Тиквеш) – Прилепчанецот продолжува со одличната форма и постигна девет погодоци против Аеродром.
Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот над Бутел Скопје.