Стружани убедливо против Куманово за петта сезонска победа

Екипата на Струга на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа славеше со 33:22 во натпревар од деветтото коло од суперлигашката конкуренција.

Стружани победата ја обезбедија уште во првиот дел кога во периодот од 20 минута, па до крајот на полувремето, го запреа домаќинот, се одлепија на четири до пет гола разлика и стекнатата предност, која подоцна беше зголемена во вториот дел, не ја испуштија до крајот.

Струга со новите три бода стигнаа до 15 бода, ја задржаа 4. позиција на табелата во групата А и имаат три, односно шест бода повеќе од директните ривали за плеј-офот, тимовите на Аеродром и Еурофарм Пелистер 2.

Во одиграниот натпревар во спортска сала „Перо Наков“ се беше решено уште во првото полувреме, во кое избраниците на Наум Танески доминираа на теренот, имаа мал пад кон средината на првиот дел, но со неколку расположени ракометари за игра од 7:7 најпрво се одлепија на 10:7, потоа дојдоа и до пет гола разлика, 13:8 и до крајот на првиот дел максималната предност која ја имаа во 30 минути ја поставија уште во два наврати. На пауза резултатот гласеше 15:11 во корист за гостинскиот состав.

Гостите вториот дел го започнаа фуриозно, осетно ја зголемија предноста, доаѓаа до лесни голови од контри и полуконтри и во 40 минута имаа осум гола разлика, 21:13. Ракометарите на Струга поради убедливата разлика малку се опуштија, но не дозволија домаќинот да има голем напредок во играта.

Ракометарите на Танески во последниот период рутински ја одржуваа разликата, го казнуваа секое невнимание на Куманово, кој во желбата да ја преполови негативата, се почесто правеше грешки, имаше избрзани шутеви, напади без идеја, па така Струга дојде и до двоцифрена предност во 50 минута, 27:17, и до крајот немаше проблеми да обезбеди убедлива победа.

Ненад Костоски ја предводеше победничката екипа со осум погодоци, седум постигна Мерис Бошњак, шест додаде Тодор Јанкуловски. Кај Куманово се истакна Иван Димитров со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122