Како што најави 24Ракомет, единствениот специјализиран портал за ракомет, од сезонава ќе избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“. На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеалниот тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“. Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 3. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Со натпреварот меѓу Куманово и Ѓорче Петров беше комплетирано 6. коло во Женската лига. Во изминатото коло немаше изненадувања.
Во изборот за ѕвезда на петтото коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Скопје и Стружанка
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, 6. коло, резултати:
Куманово – Ѓорче Петров 20:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Металург Автокоманда 19:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Спартак 32:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Пелистер 19:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Вардар 28:40 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Деспина 40:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Стружанка 24:39 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 6. КОЛО
Ангела Јанкуловска (Ѓорче Петров) – Репрезентативката на Македонија имаше одлична партија во дерби дуелот со вицепрвакот Куманово и својот тим го предводеше до важна победа, со која составот на Симовски направи голем исчекор на табелата. Битолчанката натпреварот со Куманово го заврши со девет постигнати погодоци и подели неколку асистенции кон своите колешки.
Нина Неделковска (Скопје) – Тимот на Скопје со пресврт во финишот славеше победа над Спартак од два гола разлика, 32:30. Најрасположена на теренот беше Нина Неделковска, која со 13 погодоци му помогна на својот тим да ја оствари втората сезонска победа и да се бори за подобар пласман во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
Марина Митоска (Стружанка) – Искусната голманка блескаше на дуелот со Гевгелија и покажа дека и во новата сезона ќе биде еден од главните адути на својот тим. Митоска во дуелот со Гевгелија не дозволуваше лесни погодоци во својата мрежа и натпреварот го заврши со 17 интервенции.