Скопје со пресврт во финишот ги освои бодовите против Спартак

Ракометарките на Скопје во натпревар од 6. коло од Женската лига славеа против тимот на Спартак со 32:30 и се израдуваа на втората победа во шампионатот.

Скопје до освоените три бода дојде откако направи пресврт во последните десет минути искористувајќи ја кризата во гостинскиот табор, кој беше без реализација од 49 до 57 минута. За тие осум минути игра, домаќинките го свртија резултат во своја полза и предводени од незапирливата Неделковска се покажаа како подобар противник на теренот.

Тимот на Спартак во најголемиот дел од првото полувреме имаше активен резултат, но немаше голема комоција во играта. Секогаш кога гостинките ќе се одлепија на два до три гола разлика, домашниот тим преку Неделковска и Рајовска доаѓаше до израмнување на резултатот.

Откако првиот дел заврши со минимална предност за Спартак од 17:16, во второто полувреме продолжи големата борба на теренот. Исто како и во првиот дел, гостинскиот состав никако не можеше да направи исчекор и да се одлепи на поголема разлика.

Во 45 минута предноста на Спартак беше 25:24, додека пет минути подоцна, односно во 50 минута, домашната екипа се врати во игра и направи пресврт, израмни на 26:26 и на осум минути пред крајот зголеми на плус два, 28:26.

Спартак во последните десет минути потфрли, беше без реализација од 49 до 57 минута, па така домашниот табор не ја испушти предноста.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Скопје, Нина Неделковска со 13 постигнати погодоци. Кај поразениот табор прво име беше Ангела Гроздановска со осум погодоци, еден помалку постигна Мила Мемов.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223