Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе го одиграат шестиот натпревар од Лигата на шампионите.
Ривал на пелистерци ќе биде полскиот шампион Келце, кој во Битола ќе допатува без Симон Сичко и Алекс Душебаев.
Иако на овој натпревар судии требаше да бидат Карим Гасми и Рауф Гасми од Франција, дојде до промена.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека на утрешниот дуел ќе има нови судии
Станува збор за Дејан Марковиќ и Марко Боричиќ од Србија. Делегатот останува ист, тоа ќе биде Ајберк Дилмен од Турција.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.
Битолчани досега загубија на пет средби во елитната конкуренција и во утрешниот дуел ќе атакуваат на првите бодови.