Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред утрешната ждрепка за третото коло во Европскиот Куп.
Македонскиот шампион Ѓорче Петров, според очекувањата се најде во првиот шешир и оттаму ќе го чека ривалот.
Ждрепката е утре во Виена од 11:00 часот, а натпреварите од третата рунда ќе се играат на 11/12 и 18/19 ноември.
Македонскиот тим го елиминира црногорскиот Тиват со две победи на домашен и на гостински терен со вкупен резултат 72-46.
Има ривали по мерка во вториот шешир, но би било убаво да се избегнат шпанските Гранољерс и Елче Мустанг.
шешир 1: Коњалти, Гран Канарија, Бјеловар, Јаликавак, Јувента Михаловце, Кинзварт, Бенфика, Јонијас, Вестманејар, Херцогенбуше, Ѓорче Петров, Салерно, Макаби Аразим Рамат Ган, Рудар, Венло, Ериче
шешир 2: Феникс, Ајдовшчина, Ојпен, Гранољерс, Дуго Село, Јенимале, Слован Дусло Сала, Мадеира, Пилаја, Неистин, Истогу, Вестфрисланд, Елче, Бриксен, Изола, Криваја