Бутел понуди драма, ама поради „петте лоши минути“ го загуби мечот со Вардар

Вардар со победа ја почна новата сезона во домашното првенство, иако се мачеше цело полувреме против Бутел, па на крајот имаше и резултатска драма од која Вардар излезе како победник, 24-21 (10-8)

За Бутел ова е втор пораз сезонава, по оној во Прилеп, и скопјани остануваат на последното место. Дуелот е од второто коло кој требаше да се игра вкендов, но во договор на двете екипи се одигра порано, а беше заменето и домаќинството, па наместо во Бутел средбата се играше во малата сала во СЦ „Јане Санадснски“

Клучниот момент кога Вардар „избега“ резултатски на мечот беше почетокот на второто полувреме кога за пет минути играње стигна до предност од 13-8, а потоа и 14-9. Во 38 минута Марко Срдановиќ веќе имаше 8 постигнато голови, а Вардар водеше со дотогаш највисоките 15-9.

Бутел делуваше дека е веќе „скршен“ бидејќи за две минути „црвено-црните“ веќе имаа „плус 7“ и водство 16-9. Тоа беше шанса да им се даде можност и на некои други од клупата, па своит еминути ги дочекаа Хансер Родригез, Ален Ќосевски, Васил Гогов.

Но, „гостите“ не застанаа, па дојдоа на „подносливи“ четири гола заостанување со кои повторно беа во игра за активен резултат. Вардар мораше да комбинира со тимот, а Бутел ја користеше секоја шанса и намали на 16-19 во 50 минута преку пивотменот Јефтиќ.

Последните пет минути од мечот требаше да донесат резултатска драма бидејќи Бутел преку Димитар Ѓеоргиевски намали на 19-22, а „црвено-црните“ потоа не реализираа напад. Јефтиќ изнуди исклучување на Мишевски, а потоа Ѓеоргиевски беше фаулиран за пенал. Филип Николов намали на 20-22 и во последните 200 секунди следуваше драмата.

Вардар повторно не релизираше напад, а многу дилеми можеше да реши Ѓукиќ кој утна контра. Пивотменот Јефтиќ беше нерешлива загатка за вардарци, и токму тој во 58 минута намали на 21-22. Долгиот напад до речиси пасивна игра заврши со гол на Дарко Ѓукиќ за ново водство на вардарци, 21-23.

Не помина нападот на Бутел преку Јефтиќ, па во следниот напад Матија Николиќ погоди за конечните 24-21.

Двете екипи играа ракомет со грешки и промашувања во првото полувреме. Бутел првиот гол го постигна во 12 минута преку Филип Бошковски, но ниту Вардар немаше „врзани акции“ за да може резултаски да избега. Бутел од друга страна не само што се мачеше да даде гол, туку и израмни, па и поведе. Неколкупати водеш Бутел, а Вардар бркаше резултат. Во последната секунда Бојан Спасовски не успеа да реалиизра пенал, па резултатот остана 10-8 за вардарци.

Кај Бутел најефикасни беа Владимир Јефтиќ со 6 гола, а Димитар Ѓеоргиевски постигна пет гола. Кај Вардар, Марко Срдановиќ даде 8 гола.

Во недела во својата сала Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер во одложениот натпревар од првото коло.