Супер Куп дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во Струмица

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денес одлучи дуелот од Супер Купот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар да се игра во Струмица.

Домаќин на македонскиот шампион и двократниот европски првак ќе биде спортската сала „Парк“, која се очекува да биде претесна за сите ракометни љубители.

Македонската ракометна куќа извести дека терминот за големиот настан е 6 септември, со почеток од 18:00 часот.

Дополнително треба да бидат соопштени информациите околу билетите за големиот ракометен настан пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Во минатата сезона домаќин на Супер Купот беше Охрид, односно спортската сала „Билјанини Извори“.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.