ОХРИД 2023: Голден Арт – дузина млади ракометари желни да го покажат својот квалитет

Од 23 до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ со учество на осум екипи. Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе играат екипите на Голден Арт, Бутел Скопје и шампионот Еурофарм Пелистер, додека од странство ќе дојдат турскиот Бешикташ, грчкиот Олимпијакос, српската Металопластика Шабац и словачкиот Татран Прешов. 24Ракомет Ви ги претставува сите учесници...

Тимот на Голден Арт на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ ќе ги има последните проверки пред стартот на новата натпреварувачка сезона. Голден Арт одигра солидно во минатата сезона, во својата група заврши на 5. позиција, додека во плеј-аут фазата, односно во борбата за опстанок го освои првото место.

Клубот кој главно се потпира на млади играчи во минатата сезона беше единствен машки колектив што имаше три екипи во сите младински категории што играа на Ф4 турнирите. Младинците на Голден Арт беа шампиони, пионерите вице-шампиони, а кадетите беа четвртопласирани.

Инспирирани од постигнатиот успех во младинските категории, раководството на клубот одлучи 11 млади ракометари, меѓу кои и МВП-то на младинската лига – десниот бек Кристијан Стаменковиќ, од вториот да бидат прекомандувани во првиот тим.

Раководството на Голден Арт за новата сезона го ангажираше левиот бек Тоше Ончев, ракометар кој има интернационално искуство, голманот Димитар Бардакоски и левиот бек Владимир Наумоски.

Искусниот Ивица Илиев, како и Пеце Рајатоски, Симон Гучески и Андрија Мандиќ, си заминаа од клубот.

Асистент на Владимир Глигоров ќе му биде Филип Глигоров, а поранешниот ракометар на Металург, Марко Нелоски ќе работи на физичката подготовка на играчите.

Нов капитен на тимот е кружниот напаѓач Давид Даев, кој е еден од ракометарите со најдолг стаж во тимот.

Избраниците на Глигоров на турнирот во Охрид за ривали во групата ги имаат Бешикташ од Турција, Олимпијакос од Грција и домашниот тим.

Натпревари на Голден Арт на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“

23/08, 11:00 часот, Бешикташ

24/08, 13:15 часот, Охрид

25/08, 11:00 часот, Олимпијакос

26/08, за пласман

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

ОХРИД 2023: Бутел Скопје – со реновиран тим по нови успеси