Малку манифестации во Македонија, па дури и во регионот може да се пофалат со својата долговечност, квалитет, препознатливост и уникатност. Струга во светот е позната по реката Црн Дрим, по градот на македонските преродбеници, Константин и Димитар Миладинови, и по местото на одржување на светски познатите „Струшки вечери на поезијата“.
За Струга се знае и по тоа што е расадник на ракометни таленти, и по тоа што е како град каде веќе половина век се одржува традицијата на турнир од европски и светски рамки, престижен и единствен што тоа што мечевите се играат на отворено игралиште. Традиција што се уште продолжува.
Организирањето на турнирот тргна како желба да се овековечи името и делото на еден извонреден ракометар, почнувајќи од 1973 година, а прерасна во традиција, престиж и препознатлив турнир кој веќе 51 години ги собира најпознатите ракометни легенди, ракометни прваци од многу земји, европски прваци, олимписки ѕвезди, клубови и тренери, репрезентации…
Отворање Струга 2023
Турнирот во Струга долги години ја имаше честа и можноста да биде главен аниматор и пропагатор на познатата игра надвор од нашите граници, претставувајќи ја најдобрата позната спортска манифестација, и со успех ја исполнуваше зацртаната цел.
Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.
.
.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!