Тоа што долго се најавуваше во изминатите денови, денеска конечно доби своја официјализација.
Некогашниот ас на Вардар и Металург, Лука Циндриќ, потпиша тригодишен договор со романскиот првак Динамо Букурешт.
Неговиот последен клуб Барселона, поради кратењето на буџетот и високата плата, сакаше да се ослободи од хрватскиот репрезентативец две години пред истекот на неговиот договор.
Динамо Букурешт пак се ослободи од средниот бек Жоел Да Силва и десниот бек Едуардо Гурбиндо, па се направи место за Циндриќ.
Со ангажманот на екс играчот на Келце и Барса, Динамо Букурешт стана еден од главните фаворити за трофејот во Лигата на Европа.