Дутра замина од Вардар, се сели во Ал Ахли

Репрезентативецот на Бразил, Леонардо Дутра, нема да го продолжи својот престој во некогашниот шампион на Македонија, Вардар, објави „Handball Arabic“.

Бразилецот, кој во редовите на „црвено-црните“ пристигна во вториот дел од минатата сезона и беше еден од главните алки во тимот на Недановски, ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера.

Средниот бек по завршувањето на минатата сезона беше испратен од Вардар на позајмица во Саудиска Арабија каде што ги засили редовите на Ал Худа.

Дутра одлучи да остане во Саудиска Арабија, но во следната сезона ќе игра за амбициозниот тим на Ал Ахли.