Тимот на ПСЖ предводен од некогашниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, ја одбрани шампионската титула во Франција.
На коло пред крајот, ПСЖ со 52 бода по триумфот над директниот конкурент Нант со 35-32, веќе е недостижен на врвот на табелата.
Домашните ракометари водеа на паузата со 19-16, на две минути до крај беше 33-32, но ПСЖ реализираше пенал, потоа беше постигнат уште еден гол и победата остана во Париз.
Оваа титула е деветта по ред, а вкупно десетта за моќниот француски клуб, кој сезонава обезбеди место и на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Нант сега е втор со 48 бода, исто колку и Монпелје, кој има меч помалку, па сосема извесно покрај ПСЖ во Лигата на шампионите би требало да игра и Монпелје, а Нант во Лигата на Европа.