Екипата на АЕК Атина предводена од екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, ја освои шампионската титула во грчкиот шампионат, откако го совлада Олимпијакос со 3-2 во финалната серија.
Новиот шампион на Грција на последниот, одлучувачки дуел, триумфираше со пет гола разлика, 27:22.
Најефикасен во тимот од Атина беше повремениот репрезентативец на Хрватска, Стипе Мандалиниќ, кој со пет погодоци го водеше својот тим до освојување е на првото место во Грција.
АЕК Атина со освоената титула обезбеди директно учество во групната фаза во Лига на Европа и во второто по квалитет европско натпреварување е можен ривал на македонскиот вицешампион Алкалоид.
Во составот на Олимпијакос настапија двајца екс членови на Еурофарм Пелистер. Тоа се кружниот напаѓач Елмир Граџан и левиот бек Владислав Острушко, кои на последниот дуел од разигрувањето за титулата по еднаш се запишаа во листата на стрелци.