Ф4 пионерки: Шампионот против Пелистер, Јехона на мегдан со Деспина

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа одржа ждрепката за Ф4 турнирот во женската пионерска лига.

Екипата на Ѓорче Петров, која во ланската сезона го освои првото место во пионерска конкуренција, во полуфиналето ќе игра против Пелистер.

Голем успех постигна екипата на Јехона, така што Гостивар ќе има свој претставник меѓу најдобрите четири пионерски екипи.

Јехона за пласман во финалето на завршницата ќе се бори против Деспина.

Ф4 – ПИОНЕРСКА ЖЕНСКА ЛИГА:

Ѓорче Петров – Пелистер

Јехона – Деспина

Ф4 во пионерска женска лига е предвиден да се одигра на 13/14.05.2023.