Талески: Фаворити сме, но тоа мора да го покажеме на теренот

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ги започна подготовките за последните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Повратникот во репрезентацијата, левиот бек Филип Талески, кој не настапи на двомечот против Португалија поради приватни причина, ги сподели своите очекувања за последните два квалификациски дуели, против Луксембург и Турција.

,,Мислам дека доколку не ја оствариме целта, тогаш реално не треба да доаѓаме тука. Сакаме да одиме на големо натпреварување и да играме на ново Европско првенство. Ние сме фаворити, но мора тоа да го покажеме на теренот и мислам дека имаме доволно сили да ја оствариме зацртаната цел. На двомечот со Португалија не настапив поради приватни причини, но сега сум тука и сум подготвен на одговорам на барањата. Луксембург и Турција можеби не очекуваа брза и ефективна игра од нас на првите натпревари. Знаеме дека сега добро ќе се подготват, добро ќе анализираат и верувам дека ќе се подготват подобро за нас од првите квалификациски средби. Исто така и ние мора исто да видиме каде ривалите се подобрени или каде имаат некои слабости. Репрезентацијата на Турција најавува камбек на неколку искусни играчи, знаеме дека ќе биде тешко, меѓутоа нашата сала секогаш е предност против било која репрезентација“, изјави Талески.

Нашата репрезентација гостува кај Луксембург на 26 април од 20:15 часот, додека последниот меч е на 30 април во СЦ „Борис Трајковски“ од 18:00 часот против Турција.

Лазаров објасни зошто Дејан Манасков не добива репрезентативен повик

Георгиевски: Сега е ред да им го отстапам местото на помладите