Лазаров објасни зошто Дејан Манасков не добива репрезентативен повик

Машката сениорска репрезентација денеска ги започна подготовките за последните две меча од квалификациите за ЕП 2024 година против Турција и Луксембург.

Како и на претходниот двомеч со Португалија, така и сега, на списокот го нема левото крило на Вардар, Дејан Манасков.

Селекторот Кире Лазаров кратко објасни зошто не е повикан.

„Со Манасков имавме непријатно искуство пред и за време на Светското првенство затоа решив да им дадам шанса на помладите играчи како што се Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ“, изјави Лазаров.

Македонија најпрво игра на 26 април на гостински терен со Луксембург, а потоа на 30 април со Турција во Скопје.