Поранешниот ракометар на Вардар, Сергеј Горпишин, во новата сезона ќе има нов клуб во Германија.
Тој во моментов е член на Лудвигсхафен, а од лето ќе ги брани боите на тимот на Постдам, кој исто така игра во Втората Бундес лига.
25-годишниот руски интернационалец по заминувањето од Вардар играше за Лудвигсхафен, па една сезона мина во татковината во ЦСКА Москва, пред да се врати назад.
Горпишин од лето ќе биде трениран од директорот на Фуксе Берлин, Боб Ханинг, кој ја има тренерската позиција во Постдам.
Кружниот напаѓач покрај за Вардар, Лудвигсхафен и ЦСКА Москва, има настапувано и за Спринге, Ерланген и Римпар во Германија.