Ривалот на Македонија во баражот за Светското првенство 2023, репрезентацијата на Украина за време на ЕХФ неделата одлучи да тестира против Романија.
Украинската селекција и на вториот контролен дуел против Романија беше поразена, овој пат со 29:23. Првиот дуел кој беше одигран вчера, заврши со скоро идентичен резултат, 29:24.
На останатите пријателски натпревари изненадување направи репрезентацијата на Словачка, која ја изненади Словенија со шест гола разлика, 31:25. На првиот дуел беше сосема различна сликата, тогаш победи селекцијата на Драган Аџиќ со 31:20.
Убедливи победи остварија репрезентациите на Португалија и Шпанија. Португалија против Зеленортските Острови запиша триумф од 33:17, додека Шпанија со 13 гола разлика ја совлада Италија, 35:22.
Австрија немаше сили против Бразил, беше поразена со 37:33, пораз доживеа и Унгарија од Полска со 31:29.