Македонија со втор пораз од Турција

Женската репрезентација на Македонија загуби вторпат на пријателските натпревари против Турција, и овојпат минимално со 31-30.

По првото полувреме, избраничките на Љубомир Савевски, кој во Анкара не сметаше на сите расположиви сили, водеа со два гола разлика, 19-17.

На првиот меч Турција оствари минимален триумф со 25-24. Двете селекции го одиграа овој двомеч како дел од подготовките за баражот за СП.

Македонија ќе се соочи со Украина, најпрво во Скопје на 8 април од 19:00 часот, а потоа и на неутрален терен на 11 април во Кишварда од 17:00 часот.