Во егал натпревар по многу возбудувања, одлични одбрани и многу технички грешки Радовиш и Вардар Неготино ремизираа на 21-21 (11-10) во борбата за опстанок во македонската Суперлига.
Екипата на Радовиш во последната минуда направи грешка во својот напад и им овозможи на гостите шанса за два гола разлика, но наместо мирен напад Вардар Неготино се реваншираше со техничка грешка.
Домашниот тим беше во трка со времето и се обиде од бековска позиција да го израмни резултатот, Петар Ангелов успеа да одбрани но одбиената топка дојде во рацете на крилото Јорданов кој успешно реализираше за израмнување и поставување на конечните 21-21.
Голманот и тренер Ангелов „здиве“ по примениот гол, бидејќи неговите соиграчи дозволија одбиената топка да ја собере Јорданов и да постигне гол. Поранешниот репрезентативец во обид да ја извади топката од мрежата несакајќи го повлече и голот, кој падна на теренот.
Пред неколку месеци, имаше ист таков случај во Радовиш, тогаш со голманот на Голден Арт, Златко Даскаловски.
Драма, возбудувања и реми: Радовиш се радува на бод против Вардар Неготино
Голманот спасуваше жива глава: Падна голот во Радовиш, ама буквално! (ВИДЕО)