Голманот спасуваше жива глава: Падна голот во Радовиш, ама буквално! (ВИДЕО)

На мечот меѓу Радовиш и Голден Арт, кој го доби скопскиот тим со 23-22 се случи несекојдневна ситуација. Во вториот дел, при еден погодок на домашните, гостинскиот голман Златко Даскаловски, во обид што побрзо да го започне нападот, ја повлече и мрежата од голот, по што тој падна. Сепак само малку го „поткачи“ голманот и тој падна во мрежата. За среќа немаше поголеми последици по него и мечот продолжи. Погледнете....