Кадетен, Иштад и Скјерн се “чекираа”, остануваат уште пет билети за осминафинале

Во денешните натпревари во рамки од 8. коло од Лига на Европа победа остварија екипите на Нексе, Гепинген, Татран Прешов, Архус, Фленсбург, Фуксе Берлин, Кадетен, Скјерн и Валур.

Во групата Д, во која се наоѓа Еурофарм Пелистер, актуелниот лидер Фуксе Берлин запиша рутинска победа против Бидасоа Ирун со осум гола разлика, 40:32 (23:17).

Екипата на  Архус не дозволи да има изненадување на свој терен и славеше во дуелот против украинскиот шампион Мотор Запорожје со 33:30.

Како што е веќе познато, македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер одигра нерешено против Агуаш Санташ, 27:27.

Во осминафиналето пласман обезбедија екипите на Кадетен, Иштад и Скјерн, кои ќе им се придружат на Монпелје, Фуксе Берлин, Фленсбург, Архус, Спортинг, Гепинген, Грањолерс и Нексе. Во последните две кола ќе бидат познати последните пет патници.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 8. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ГЕПИНГЕН – БЕНФИКА 31:29 (15:18)

ПРЕШОВ – МОНПЕЛЈЕ 35:27 (19:10)

КАДЕТЕН – ВЕСПРЕМ ККФТ 38:32 (22:17)

ГРУПА Б

ИШТАД – ФТЦ 35:35 (19:18)

ЕКС АН ПРОВАНС – ФЛЕНСБУРГ 21:29 (9:14)

ВАЛУР – БЕНИДОРМ 35:29 (17:15)

ГРУПА Ц

БАЛАТОНФУРЕДИ – НЕКСЕ 28:31 (14:16)

СКЈЕРН – АЛПЛА ХАРД 27:23 (13:10)

СПОРТИНГ – ГРАЊОЛЕРС 38:31 (15:14)

ГРУПА Д

АРХУС – МОТОР 33:30 (15:15)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АГУАШ САНТАШ 27:27 (14:13)

 

БИДАСОА – ФУКСЕ БЕРЛИН 32:40 (17:23)

Татран сензационално го сруши Монпелје, Архус според планот против Мотор